Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МРТ одлучи - Васил Гарванлиев ќе ја претставувава Македонија на Евровизија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
vasil

Васил Гарванлиев, ќе ја претставувава Македонија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Холандија. Одлуката на  МРТ попладнево на својот Фејсбук профил ја објави ја Гарванлиев.

— реклама —

Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест 🤪😝

Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам нашата земја на најголемиот музички фестивал - Евросонг во Ротердам.

— реклама —

Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.

Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш!

Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ! ❤️

Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за мојата татковина, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам. ❤️🇲🇰🙏🏼, напиша Васил ан својот ФБ профил.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1885466538264087&set=a.431954126948676&type=3&theater

Гарванлиев и беше придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија минатата година. Инаку јавноста можеби се сеќава на милото детенце кое пред години ја исполни песничка „Марионка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања