Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки во програмата за подобрување на кадарот во градинките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika_oglas

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада.

На огласот што ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на  раното учење и развој  во градинките, а ги исполнуваат условите.

„Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во седум градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.

Главната цел на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор, туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца.

„Министерството за труд и социјална политика, освен што ги проширува капацитетите на градинките во Македонија, посветено работи и на јакнење на кадарот којшто се грижи за децата преку подобрување на неговите знаења, бидејќи научно е докажано дека за правилен развој на детето е многу важно раното учење“, се вели во соопштението од МТСП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања