Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

МТСП: Пензиите продолжуваат да се исплаќаат на почетокот на месецот, се враќа редовниот начинот на исплата како пред пандемијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно.

— реклама —


— реклама —

Министерството известува дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.


— реклама —

„За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

— реклама —

Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата“, велат од МТСП.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања