Промени тема
Контакт

МТСП: Во 2019 да работиме за Македонија да биде поубаво место за живеење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Mila_Carovska_Minister

За време на празниците даруваме и споделуваме љубов, но исто така треба да се потсетиме дека секој ден од годината ни е важен. Во новата година влегуваме со нова енергија, продолжуваме да работиме посветено и неуморно, се со цел да изградиме поправедно и вистински хумано општество за нашите граѓани, велат од Министерството за труд и социјална политика.

„Особено сме горди што во 2018 година ја сработивме социјална реформа, која значи извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија и еднакви шанси за секое дете. Имено, со овие реформи пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Социјалната помош се зголемува за 300%, но овозможуваме и полесна активација на невработените на пазарот на труд. Со воведување на социјалната пензија обезбедуваме достоинствен живот за оние кои го граделе нашето општество, а немаат извор на приход од кој можат да се издржуваат.

— реклама —

Процесот на деинституционализација тече одлично. Годината ја завршуваме со 60% извадени деца од големите институции, односно сместени во мали групни домови или згрижувачки семејства. Секој ден од 2019 година ќе работиме да обезбедиме топол дом за секое дете и да им подадеме рака на оние на кои сме им потребни.

— реклама —

Оваа година изградивме 24 нови градинки и обезбедивме 300% повисок Буџет за подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Ова значи места за 7.000 нови дечиња во градинките, покалитетен кадар и целосна промена на начинот на кој државата се грижи за најмладите. Преку гаранцијата за млади помогнавме со вработувањето на 1.400 млади, а за следната година издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари за оперативниот план за вработување.

— реклама —

МТСП ви ја честита Новата 2019 година, а новогодишните желби остануваат наша инспирација да направиме уште повеќе следната година. Да препознаеме дека секој од нас може да помогне. Да покажеме дека вистински се грижиме за нашите најблиски, но и општеството и средината во која живееме. Заедно да ја направиме Македонија подобро место за живеење“, велат од Министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања