Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

МТСП: Забрането примање на невакцинирани деца во градинките, казните за родителите се од 350 до 650 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Mila_Carovska_Minister

Министерството за труд и социјална политика ги информираше сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажа на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).

„Градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

— реклама —

Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство. Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата.

— реклама —

Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра,“ велат од Министерството за труд и социјална политика.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања