Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

МТВ против Финансиската полиција: Нема злоупотреби и проневера!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MTV

Македонската радио телевизија најостро ја демантира денешната прес конференција на Управата за финансиска полиција за наводна злоупотреба на процедурата и проневера на средствата од земениот кредит во 2015 година, се наведува во соопштението ЈРП Македонска радиотелевизија.

“Ја известуваме јавноста дека постапката за кредитот е согласно сите законски процедури и средствата од истиот се наменски искористени”, се наведува во соопштението.

— реклама —

Во него пишува и дека во 2012 година имало наследено долгови во висина од 24.435.474 евра , а дека по превземените “сериозни мерки на рационализација на трошоците, планот за штедење и други активности МРТ врати 13.000.000 евра стари долгови”.

— реклама —

“Во овој момент МРТ тековно должи само 197.128 евра што преставува историско најниска задолженост од своето формирање до денес”, наведуваат од МРТ.

— реклама —

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека поднела кривична пријава против директор на МРТВ кој во текот на 2015 ја злоупотребил службена должност и овластување со тоа што земал кредит од банка во износ од околу 140 милиони денари, а притоа склучил договор за залог на имотот на претпријатието во вредност од над 294 милиони денари без да добие согласност од Собранието. Имотот, како што соопштија од финасиската полиција бил околу 154 милиони денари поголем од вредноста на кредитот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања