На 07.06.2019 година во 17,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Марино- скопско, во дворот од семејната куќа на Ј.Ј. (22), додека истиот бил во друштво на уште пет други лица и организирале апсолвентска прослава, неговиот сосед Т.Ѓ. (65) започнал вербална расправија, по што заедно со Б.Л. (47), влегле во дворот и со метален предмет му се заканувале на него и на гостите поради, како што е пријавено, наводно пуштање на гласна музика. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.