На 11.06.2019 година околу 16.10 часот во Полициската станица Струга, В.С.(33), кој живее и работи во Германија, пријавил дека околу 15.30 часот на регионалниот пат Дебар-Струга, кај крстосницата за село Ложани, додека управувал патничко возило „Фолксваген Пасат“ со германски национални ознаки, бил пресретнат од друго патничко возило „Фолксваген Пасат“, кое го управувало непознато лице. Според пријавеното, лицето излегло од возилото и на В.С. му упатило закани со нож поради недоразбирање во сообраќајот, по што заминало од местото.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.