Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Муцунски не го брани Мицкоски од луѓето кои бараат негова смена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mucunski23012021

Проблемите во едно семејство, како што е ВМРО-ДПМНЕ, не треба да ги решаваме преку јавниот дискурс, туку внатре во семејството, да излеземе обединети, да бидеме вистинска алтернатива, да бидеме партија на решенија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во интервју за Радио Слободна Европа.

— реклама —

На прашањето за измената на законот за лични карти, Муцунски вели:  Беса со СДСМ. Зошто за ВМРО-ДПМНЕ е важно да ја пишува етничката припадност во личните карти?

-Јас малку поинаку би го гледал ова прашање. Деновиве се отвора оваа тема и во политичкиот дискурс и е меѓу најактуелните теми во државата и како да ние доколку утре прифатиме во личните карти да постои изразување на припадност кон етничка заедница ние го нарушуваме граѓанскиот концепт на државата. Граѓанскиот концепт на владеење во една држава е напуштен многу одамна во Република Македонија. Доколку ние навистина сакаме да се движиме кон граѓански концепт ова не е најгорливото прашање. Нашиот Устав, нашиот политички систем и нашата внатрешна политика култура водат кон етнизација на ова општество.

— реклама —

Тоа го нема како решение во ниту една земја-членка на Европската унија. Во некои земји го имале во минатото, па заклучиле дека не е добро решение да има етничка припадност па го тргнале. Го има на пример во Кина.

Радио Слободна Европа: Има сега таква атмосфера во ВМРО-ДПМНЕ и подготвеност да се слушне туѓиот став?

Во таа насока јас би кажал дека нашата политика партија има статут, има и своевидна историја и традиција како политички субјект, но јас би рекол дека уште побитно е дека ние треба да воспоставиме високи етички и морални стандарди за како се однесуваме во рамки на партијата, бидејќи ако се однесуваме согласно тие највисоки етички и морални стандарди во партијата, партијата ќе биде уште толку поуспешна во убедување на граѓаните дека таа е вистинската алтернатива дека ќе донесе афирмативни промени во нашата држава. Но истовремено политика партија како таква е и една форма на семејство. Јас мислам дека за нашето семејство, колку и да не се согласуваме некогаш внатре, сите треба да бидеме внимателни што зборуваме надвор и да го почитуваме статутот на партијата кој што е највисок правен акт во партијата и да се водиме и при изборот на кадрите за раководство и при нашето однесување надвор и кон сите други субјекти и чинители во еден политички систем согласно највисоките етнички и морални стандарди кои сите ги знаеме кои се, тие се општо прифатени на глобални ниво, вели Муцунски за Радио Слободна Европа.

Текстот во целост на: Радио Слободна Европа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања