Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Муцунски побара продолжување на грчката поддршка за европската интеграција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-libraryugaekn60f8nh5vKBVBj

Зајакнувањето на билатералната соработка, европската интеграција на регионот и инфраструктурното и енергетското поврзување беа меѓу главните теми на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, одржана во Атина.

— реклама —

Средбата се одржа на маргините на министерскиот состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин беше Герапетритис. Муцунски се заблагодари за поканата и за поддршката што Грција ја дава за европската интеграција на земјите од регионот.

— реклама —

Тој ја истакна посветеноста на Владата на спроведувањето на европската реформска агенда и подготовката на земјата за членство во Европската Унија, согласно со Копенхагенските критериуми, изразувајќи очекување грчката поддршка да продолжи и во наредниот период.

Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за продлабочување на соработката преку политички дијалог, инфраструктурно и енергетско поврзување долж Коридорот 10, како и поголема економска, културна и туристичка размена.

— реклама —

На средбата разговараа и за можностите за практично решавање на проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната.

— реклама —

Беше потврдена и определбата односите меѓу двете земји да продолжат да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, со почитување на меѓународното јавно право.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања