Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Муцунски разочаран од Бугарија: ЕУ членка му забрани влез на адвокат кој ги брани правата на Македонците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-librarygforfvvb1bpu9OUaW7Y

Министерот Тимчо Муцунски изрази сериозна загриженост по десетгодишната забрана за влез во Бугарија за адвокатот Тони Менкиновски. Најави дека МНР ќе ги разгледа сите аспекти и ќе одлучи кои дипломатски механизми ќе ги преземе. Муцунски рече дека е разочаран што земја членка на ЕУ санкционира човек што си ја вршел работата и најави заштита на неговите права. Менкиновски оценува дека забраната е притисок и обид за замолчување поради застапување на Македонците во Бугарија пред ЕСЧП.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази сериозна загриженост по одлуката на бугарските власти да му изречат десетгодишна забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиновски.

— реклама —

Муцунски посочи дека Министерството внимателно ќе ги разгледа сите аспекти на случајот и ќе одлучи кои дипломатски механизми ќе бидат преземени.

„За мене од институционална гледна точка е да ги видам сите аспекти за тоа каква информација добил. Многу сум загрижен од ова што примарно го гледам, бидејќи сум негативно изненаден како земја членка на ЕУ се однесува кон наш граѓанин, кој имал единствена цел да штити права на наши граѓани пред европски институции. Со други наши соседи сме имале вакви состојби и сме реагирале по дипломатски пат. Мерката и механизмот кои ќе ги преземеме ќе се одлучат во рамки на Министерството за надворешни работи“, изјави Муцунски.

— реклама —

Тој додаде дека е длабоко разочаран од постапката на земја членка на Европската Унија.

„Факт е дека се случува санкционирање на човек кој си ја вршел својата работа. Тој е адвокат. Не сакам да верувам дека Европската Унија ќе застане на страната на вакви ретроградни дејствија и механизми кои доаѓаат од нашиот сосед. Моја обврска како министер е да го кажам ставот на државата, но и да најдеме начин како да ги заштитиме правата на Менкиновски“, рече Муцунски.

Претходно адвокатот Тони Менкиновски соопшти дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од десет години.

Тој оцени дека одлуката е скандалозна и претставува директен притисок врз неговата адвокатска работа, додавајќи дека забраната е обид за негово замолчување поради улогата што ја има како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања