Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Мухамед Зекири осуден на една година и седум месеци затвор за злоупотреба на службената положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
Screenshot-2023-12-01-at-13.07.22

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, е осуден на една година и седум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од Апелацискиот суд Скопје.

— реклама —

Од Судот информираат дека по разгледувањето на предметот, жалбите, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје и доказите изведени на јавната расправа на 30 септември 2026 година, утврдиле дека Зекири склучувал договори за консултантски услуги поврзани со анализа на состојбите и можностите за приватизација на „Македонска пошта“ и „Македонски железници“, без спроведување соодветна постапка за јавна набавка.

— реклама —
— реклама —

Одлуката сè уште не е правосилна. Зекири има право да поднесе жалба до Врховниот суд во рок од осум дена од приемот на одлуката.

Писмената изработка на пресудата е во тек, а нејзината целосна содржина ќе биде објавена на веб-страницата на Апелацискиот суд, согласно законските одредби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања