На денешната собраниска седница Антонио Милошоски обвини дека пратеникот Крсто Мукоски добил 4 милиони евра тешки тендери, сакајќи да покаже дека власта на тој начин купува пратеници.
Според Милошоски оние кои го нарекуваа терорист сега му се пријатели. Мукоски според Милошоски со Груевски на митинзи викал дека нема да го смени името , а сега се фалел дека се ќе продава и ќе се сели во Белград.
На ова му реплицира Мукоски кој обвини дека ВМРО -ДПМНЕ е заложник на два три криминалци.
„Што се однесува на 27-ми април, Крсто Муковски за таа несвесна грешка си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, што ги упатуваа горе луѓето, да го направат тоа што го направија. Жалам што такви како тебе, не одговарааат“, рече Мукоски.
Во моментот кога зборуваше за криминалот на ВМРО и дека на 27 април Милошоски и остнататите се криеле во собраниските канцеларии доби аплауз од пратениците.
Милиошоски реплицираше дека ги изневерил гласачите и за да се спаси од прогон го продава името и е заедно со актуелната власт.
Во Собранието трае дебата за законот за ЈО.