Пратеникто Крсто Мукоски од собраниската говорница, реплицирајќи му на Милошоски, рече дека му е жал што тој не може да успее да ја присвои ВМРО-ДПМНЕ.
„Многу ми е жал за ВМРО-ДПМНЕ, која што вие не можете да ја присвоите пред мене, бидејќи можеби и пред вас сум член на таа партија. Но жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ е заложник на двајца-тројца како вас и се претвори во партија од примерот на Златна зора во Грција или радикалите на Шешиљ. Тоа не беше фундаментот или основата на ВМРО-ДПМНЕ од самото основање на партијата. Патот на ВМРО-ДПМНЕ е кон Евроатланските интеграции“, рече Мукоски од собраниската говорница.
За фирмата на Мукоски, која зема државни тендери, посочи дека била проверувана од УЈП, Финансиска полиција и други институции, но немало ништо нелегално.
„Кога зборите за фирмата ‘Атрим’, да ви кажам два-три зборови. Таа фирма постои од ’74 година, кога сум роден јас. Работела во Словенија до ’90 година, до распадот на Југославија. Земала тендери во многу власти во оваа држава и ќе зема тендери на легален и законит начин. Кога СДСМ дојде на власт, фирмата ја тресеа УЈП, Финансиска полиција и сите институции и не најдоа ништо“