Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
image_6483441-1

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска ги посети во Градскиот парк младите уметници кои сликаа мурали на тема мир.

— реклама —

/image_6487327-2" rel="attachment wp-att-220231">

— реклама —

- Младите луѓе ја дизајнираат иднината на својата земја и на региoнот. Тие ја имаат моќта да ја подобрат состојбата во државите и во светот. Оставајќи простор на младите да придонесат со својата енергија, со нивниот иновативен пристап создава можност, да се изградат како носители на промени, па и да поттикнат лична промена кај нивните врсници и останатите членови во нивната околина – рече Арсовска.

— реклама —

Во проектот се вклучени дваесет и еден млад уметник од Франција, Германија, Украина и Македонија, а целта е зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.

Младите креативци во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, поминаа и дводневна обука за сликање мурал под менторство на тројца реномирани уметници – Ема Попи од Франција, Дамјан Ив Род од Германија и Марина

Сорокина – Сомари од Украина.

Реализацијата е со поддршка на Француско-германската канцеларија за млади и Француско-германскиот културен фонд, во рамките на програмата „Наша Европа, наша иднина“.

/image_50725121" rel="attachment wp-att-220232">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања