Орхан Муртезани од албанската партија „Алтернатива“ на прашањето дали е во ред да се вее знаме на голема Албанија, тој одговори дека се додека системот ги гледа Албанците како проценти таквите појави можат да бидат предмет и во иднина.
„Ја разбираме целосно загриженоста на нашите сограѓани Македонци, ние не бевме непосредни организатори на настанот и не можеме да зборуваме околу тоа како беше организиран настанот, меѓутоа по однос на прашањето на албанскиот идентитет во Македонија треба да не сфатите дека се додека системот Албанците во Македонија ги гледа како проценти таквите појави можат да бидат предмет и во иднина и се додека тоа е реалност ние ќе бидеме принудени тоа да го искажеме како револт преку демократските процеси“, додава тој.