Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
dzamija

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го слават Рамазан-бајрам. Празникот се слави три дена и почнува токму по завршувањето на постите, со што се означува крајот на месецот рамазан, во кој муслиманите постеа, односно не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце.

Тоа е деветтиот месец во исламскиот календар и го означува почетокот на објавата на светата книга за муслиманите, Куранот.

Овој ден муслиманските верници го започнуваат со молитва во џамија. Потоа, обичајот е да одат на гробишта за да ги посетат гробовите на предците и на блиските. Кога сето семејство ќе се собере дома, почнува меѓусебното честитање на Бајрамот.

— реклама —

Обичајот е празникот прво им се честита на најстарите, а потоа на другите. По честитањето во кругот на семејството се оди на честитање на постарите роднини и пријатели ако живеат во истиот град или село.

Помладите секогаш одат кај постарите. Честитките се реализираат и преку телефон и преку социјалните мрежи на интернет.

— реклама —

Бајрамот е, исто така, време на помирување на скараните, на бацување рака на постарите.

— реклама —

На празникот најмногу се радуваат децата бидејќи добиваат голем број подароци, но и нова облека и играчки. Децата добиваат слатки кога и да заѕвонат на ѕвоното на кој било дом.

За славењето на денот се приготвуваат и се служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања