Мустафа или Бурим ќе шефуваат, Фетаи крена раце!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
fatime-fetai-gibraltar

Обвинителката Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишото јавно обвинителство. Ова го изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски кој соопшти дека добил мејл со известување за повлекувањето.

— реклама —

„Ние имаме само мејл, го добивме од Фатиме Фетаи дека ја повлекува кандидатурата. Побарав да ми потврди само телефонски. Не е начин на мејл, сепак е сериозна работа. Добив и на Вибер порака со принтскрин од мејл. Јас и на седница ќе кажам дека имаме ова и ова.. Ако немаме писмено нешто, може ќе ми речат членовите дека не може да се земе за веродостојно.. Имаме официјална кандидатура, со потпис.. Ќе бараме потврда официјална за повлекување од неа или документ со потпис. Чудно е ова да се случи последен ден пред избори“, вели Јолески.

— реклама —

Доколку Советот на јавни обвинители, се водеше според оценките кои побара време да ги анализира, Фетаи имаше највисока со 25 бода.

— реклама —

Сега, во трката остануваат Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.

Обвинителот Бурим Рустеми е од Куманово, во кое основно обвинителство работел од 2009 до 2015 година. Беше дел од СЈО, а го застапуваше предметот „Топлик“ каде штета се сметаше дека е плаќање затезна камата без која ќе немаше предмет, но и каде се досудени две затворски казни од три и пол и три години за ексминистерот Миле Јанакиески и за Томе Ѓурчилов, поранешен претседател на Комисијата за јавни наддавања и четири условни казни. Рустеми беше обвинуван дека заедно со Драги Рашковски принудувал вработена во Министерството за транспорт и врски, да ре-изработи документ каде ќе наведе дека имало штета во предметот.

Освен овој, Рустеми го застапуваше и предметот „ТНТ“ каде Груевски беше осуден на девет години затвор, Јанакиески на три години затвор, а Тони Трајкоски на четири години затвор. Од познатите предмети што ги водеше Рустеми е финансиската истрага за „Поштенска банка“ кој е во фаза на судење. Тој сега е виш обвинител во Скопје. За него, во „ТНТ“ и „Топлик“ во низа пати се бараше изземање со тврдење дека против него се води кривична постапка.

Мустафа Хајрулахи со 6 години искуство од скопското Основно обвинителство доби унапредување во Вишото скопско обвинителство. Конкуренција му биле 10 обвинители меѓу кои и обвинители со поголемо искуство. Но тој во 2018 година беше избран за шеф.

Во изминатите четири години, Хајрулахи беше ретко споменуван во јавноста. Еден од ретките случаи беше во 2021 година, кога се откри дека Вишото јавно обвинителство на Скопје го држеше предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не и го даваше на Скопска апелација. Од тогаш до сега, Хајрулахи имаше и едно јавно интервју каде зборуваше за своите успеси и потенцираше дека за четворица обвинители утврдил дека ги одолговлекуваат постапките и побарал одговорност.

Засега, не е закажан избор на шеф за ова обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања