Мустафа кој држеше предмети за ДУИ во фиока сака да остане шеф на Вишо обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mustafa-hajrulahi

Мустафа Хајрулахи кој е близок до ДУИ повторно е кандидат за шеф на вишо ЈО, реагираат од Левица.

— реклама —

– Денес Советот на јавни обвинители го формализираше пионот на ДУИ, Ислам Абази, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —

Изборот за нов шеф на Вишото Јавно обвинителство Скопје беше одложен, а еден од кандидатите е досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи.

— реклама —

Токму Хајрулахи, како шеф на ова обвинителство, го држеше предметот во фиока за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ повеќе од една година, наместо законски предвидениот рок од месец дена и не го доставуваше до Скопска апелација.

Истовремено, во Академијата за судии и јавни обвинители избрани се како кандидати, меѓу другите, и синот на Таљат Џафери, како и сопругата на новиот шеф на ОЈО за ГОКК од ДУИ.

Недовербата во целокупниот правосуден систем, непотизмот и неказнивоста на функционерите на ДУИ ја поткопува темелната вредност на уставниот поредок – владеење на правото.

Јасно е дека амнестираната ДУИ, со директно узурпирање на правосудниот систем, обезбедува гарантирана неказнивост на своето криминално владеење, додека СДС прераснува обична пајтон партија во оваа корумпирана владејачка коалиција, реагираат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања