Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мустафа Надаревиќ боледува од рак на белите дробови: „Се борам, но болеста е дел од животот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
mustafa

Познатиот хрватски и босански актер Мустафа Надаревиќ (76) откри дека боледува од карцином на белите дробови.

— реклама —

„Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш го прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест“, изјави актерот.

Надаревиќ ги советуваше сите што припаѓаат на ризичната група, односно долгогодишните пушачи, да не избегнуваат да одат на прегледи.

— реклама —

Мустафа Надаревиќ (76) и покрај болеста и староста, сепак не размислува за пензија.

„Не размислувам да престанам да играм затоа што верувам во судбина. Само се плашам да не останам болен и да бидам нечиј товар и грижа. Имам страв од тоа. Смртта не е толку туѓа за мене, ужасна и незамислива е помислата некому да му бидеш товар. Не се плашам од заминување. Имам страв од ужасно заминување. Животот може да трае многу долго. Може да биде и краток. Затоа треба да се ужива во секој момент и да се искористи“, вели актерот.

фото: Tuzlanski.ba

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања