Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Музичка соба опремена по највисоки стандарди се отвори во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

ОО
media-library3ii8ma2kfimfaf3IL61

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Музичка соба  уредена и опремена по највисоките европски стандарди  денес  се отвори во просториите на Младинскиот Центар во поранешната  охридска касарна.

Проектот е на  Општина Охрид која застанува позади целосната финансиска конструкција. Ова катче бесплатно ќе можат да го користат сите музичари од градов. За значењето на проектот градоначаклникот Кирил Пецаков, изјави:

— реклама —

–Ново музичко катче денеска официјално доби Охрид . „Музичката  соба“ вредна  639, 663.00 денари е целосно уредена и опремена со средства од буџетот на Општина Охрид. Целта  на проект е олеснување на работата на сите музичари. Секој естраден уметник, како единка  или група односно  бенд бесплатно ќе вежба музицирање, свирење на инструменти, креирање на нови композиции  без притоа да прави бучава и да им смета на членовите од потесното семејство или соседите. Најважно од се е што користењето на собата ќе биде бсплатно. Таа е звучно изолирана, уредена и опремена по највсоки светски стандарди.

— реклама —

Во музичката соба има, 18 канална дигитална миксета, неколку видови најсовремени активни звучници – сателити, микрофони, сталки за микрофони, кондензаторски студиски микрофон, студиски слушалки,  интерфејс за снимање звук, пренослив и  фиксирачки акустичен штит за микрофонско снимање. Тука е сместена целата опрема што е потребна за свирење тапани (Потпорен сталак за тапани, држач за чинели, двојна бас-педала за тапани, подлога за вежбање на тапани, дизајнирана за тивко вежбање на тапани, тапанарска столица). Во собата има и комплетен почетнички сет за свирење  бас гитара ( Бас гитара, мало појачало, футрола, каиш, кабел и штимер). Во ова катче  има и микрофонски кабли, професионален двоен безжичен микрофонски систем дизајниран за стабилен пренос на звук, клавијатура, пренослива заштитна торба за дигитален миксерблутут  и звучници.  Во делот на опремата се вбројува и најсовремена камера и останата опрема за снимање.  

За изолација на собата се употренеби сунѓерни панели, подлоги за под, Backdrop завеса, дрвени панели.

— реклама —

Почитувани,  како локална власт  непречено и континуирано рабтме во градење, уредување и разубавување  на Охрид. Одамна сме покажале дека во рамки на своите надлежности максимално се вложуваме во развој на спортот и културата, а од денес својот придонес го насочуваме и кон музиката како важна културна гранка- подвлече Пецаков.

— реклама —

Музичката соба е единствена од ваков тип во  државава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања