Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Музиката на Галоски поддржана од суперстар диџеите Дејвид Гета и Ники Ромеро!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Capture-15

Не стивнуваат позитивните реакции за музиката на нашиот најистакнат диџеј со светска кариера, диџеј Галоски. Последниот музички новитет е дека една од најголемите глобални музички ѕвезди Дејвид Гета го поддржа неговото најново издание насловено како ‘Shake It Down’.

— реклама —

Темата е во соработка со српскиот продуцент Ra5tik и официјално излегува на 15ти февруари преку италианската издавачка куќа Art & Music Recordings.

— реклама —

Ова не е првпат име од калиброт на Дејвид Гета да го поддржи нашиот диџеј и продуцент, но е поттврда за големината на нашиот артист. Следната недела веќе е најавена и премиера во радио емисијата на холандскиот супер-стар диџеј и продуцент Ники Ромеро.

— реклама —

Инаку ‘Shake it Down’ e првото издание од веќе најавените изданија за 2019та на Галоски, следно издание е на издавачката куќа на Армин ван Бјурен – Армада Мјузик.

Галоски последниве неколку години важи за еден од најистакнатите музирачи од земјава и е именуван како едно од најбрзо растечките диџејски имиња од Југо-источна Европа, само минатата година имаше настапи во повеќе од 25 земји ширум светот, вклучувајќи и настап на реномираниот светски Ултра Мјузик фестивал во Сингапур.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања