„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МВР 24 часовен билтен: 12 сообраќајни незгоди, брзо возење, неносење сигурносен појас ...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди од кои осум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 33 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 19 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и три возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи седум биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.

— реклама —

Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, 25 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 102 мандатни платни налози и 77 возила се подигнати со специјално возило пајак.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања