Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МВР: 32 возачи „лудувале“ во улици, 14 возачи исклучени од сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stop-policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.

— реклама —

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотор, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 120 мандатни платни налози и 97 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно лице поминало со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања