Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МВР: 566 возачи санционирани за пребрзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-4

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2021) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, што пак е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Вкупно, на целата територија на Република Северна Македонија, се санкционирани 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина за над 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина. Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања