„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МВР билтен: Низа прекршувања на сообраќајни правила – грст санкции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
policija

Во текот на изминатиот ден (14.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и осум возила бидејќи шест биле нерегистрирани и две возила биле технички  неисправни.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатни платни налози и 89 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет лице поминале со телесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања