Промени тема
Контакт

МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Додик, а народот го обвинуваат за проруски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Capture-3

Владата на Ковачевски која има полна уста прозападна реторика дозволила фирма од црната листа на САД да добие милионски тендер и тоа не било каде, туку во Министерството за внатрешни работи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ковачевски, Османи и Спасовски треба да кажат како поделиле тендери на фирми на Милорад Додик и каков бизнис интерес има некој од тоа?

— реклама —
— реклама —

Додека власта ги обвинува граѓаните за проруско расположение контроверзна компанија добила три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР. Меѓу другото оваа компанија добила тендер за набавка на 1.500 компјутери. И власта во ова не гледа ништо спорно исто како што не гледаше спорно и во бизнисот кој го имаа со прорускиот бизнисмен Дака Давидовиќ

— реклама —

Ете ова е лицемерието на заевизмот кое Ковачевски само го продолжува. Ги обвинуваат граѓаните, ја обвинуваат опозицијата, а тие на големо тераат милионски бизниси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања