Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МВР демант: Има постапка за дисциплинска одговорност и Љ.Т е суспендиран до завршување на истата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mvr

Најостро ги демантираме лагите и дезинформациите што на денешната прес конференција ги искажа политичката партија ВМРО-ДПМНЕ , а во врска со статусот на полицискиот службеник Љ.Т., кој токму од МВР, односно во истрагата на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Обвинителството за организиран криминал и корупција е осомничен за сторено кривично дело, се вели во демаптот од МВР

По добиено писмено одобрение од надлежното Обвинителството, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и наложи истиот да биде суспендиран до завршување на дисциплинската постапка. Љ.Т не извршува работни задачи поради користење боледување, а во моментот вршител на должност- раководител на СВР Штип е помошник началникот кој работните задачи ги извршува согласно законот. Веднаш штом ќе биде затворено боледувањето, односно Љ.Т ќе се појави во просториите на СВР Штип, решението за времено отстранување од работа односно суспензија, како што налагаат законските прописи, ќе му биде врачено. Значи, ова е само уште една во низата невистини што ги шири оваа политичка партија, стои во демантот од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања