„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МВР демантира: Бројот на кражби и разбојништва во Скопје е  намален

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-3

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите што ги изнесува политичката партија ВМРО- ДПМНЕ.

— реклама —

„Ја известуваме јавноста дека бројот на кражби и разбојништва во Скопје е  намален. За тоа сведочат официјалните бројки, кои очигледно не им се важни на оние што имаат намера да ја лажат јавноста. Фактите говорат дека во 2018 година во Скопје евидентираме значителен пад на бројот на тешки кражби во објекти во споредба со 2017 година и тоа за 12,60% кај станбените објекти и 36,85% во останати објекти. Разбојништвата, пак,се со намалување од 29,20%.

Изработката на целата статистика за 2018 година за работењето на МВР е во тек и ќе биде објавена на веб страницата на МВР, како што тоа се прави секоја година. За работењето на МВР сведочат и анкетите на граѓаните, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснуваат дека се чувствуваат безбедно“, велат од Министерството за внатрепни работи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања