Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

МВР објасни: Кандидатот не ја поминал административната селекција, затоа не бил повикан на проверка на моторичките способности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryuvka6lthdrcr0WdsWD9

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности, иако ги исполнувал условите од јавниот повик.

— реклама —

Од МВР посочуваат дека селекцијата сè уште трае и се одвива во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат само кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција.

— реклама —

Во оваа фаза се проверува, меѓу другото, дали кандидатите имаат најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и дали во тој период не им биле изречени педагошки мерки.

Од МВР појаснуваат дека конкретниот кандидат не бил повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза.

— реклама —

По завршувањето на целата постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот, а ќе имаат можност и за увид во документацијата согласно предвидената постапка.

— реклама —

МВР апелира да не се објавуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на селекцијата и нагласува дека постапката се спроведува според критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 2 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 3 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања