МВР го откри лицето кое преку ФБ ширело говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev

МВР добило пријава за лице кое преку својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови кои содржат текст во кој се шири говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница во државата.  Министерот Чулев вели дека лицето е откриено и дека против него ќе има соодветна пријава за „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

— реклама —

Министерот на својот ФБ профил напиша:

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи преку електронска пошта пристигната е пријава која се однесува на определено лице кое преку својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови кои содржат текст во кој се шири говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница во државата.

— реклама —

Во таа насока, од страна на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веднаш е постапено и утврдено е дека во конкретниот случај се работи за лицето И. Ѓ. (30) од Скопје кое во повеќе наврати на својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови со кои се шири говор на омраза насочена кон ромскиот народ и муслиманите, со што сторил кривично дело “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 394 – г од кривичниот законик, за што до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава.

Во однос на вчерашната изјава на Самка Ибраимовски каде истиот ме повикува да постапам во однос на ширењето на говор на омраза према Ромите би сакал да истакнам дека додека јас сум Министер за внатрешни работи, Ромите и сите останати граѓани ќе бидат еднакви пред законите и министерството за внатрешни работи ќе постапува неселективно, професионално и еднакво против секој кој ќе ги прекрши законите независно од неговата етничка, верска, политичка и било каква друга припадност. Во таа насока вчерашната изјава на господинот Ибраимовски ја сметам како свесна манипулација и груба злоупотреба и искористување на ромскиот народ за политички цели имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборен период, напиша на својот профил министерот Чулев.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/162940301899439?__tn__=-R

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања