Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не бил во неговиот дом на Водно кога полицијата вчера попладне пристигнала за да му врачи решение за куќен притвор, но во домот бил неговиот телефонски апарат, чиј сигнал бил следен, дознава Фокус од добро упатени извори вклучени во истрагата.
Според сознанијата до кои дојде Фокус , во текот на вчерашниот ден Јавното обвинителство доставило писмено известување до Министерството за внатрешни работи дека Мијалков планира бегство поради високата затворска казна што ја очекувал во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, по што биле преземени техничко-оперативни мерки.
Врз основа на телефонскиот сигнал, велат соговорниците за ФОКУС, се верувало дека Мијалков е дома, меѓутоа на крајот се испоставило дека возилото со кое патувал телефонот не било управувано од Мијалков.
Текстот во целост на: Фокус