Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

МВР и Спасовски од петни жили се обидуваат да го сокријаот скандалот со синот на Назим Буши, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Fotografija-Nazim-Bushi

Оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши заради заташкување на случајот со синот на Буши, но и заради сите криминали и скандали во Министерството за внатрешни работи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„По кој знае кој пат гледаме прикривање на скандали кои се поврзани со високи функционери на ДУИ од стана на Спасовски и МВР.

— реклама —

МВР и Спасовски од петни жили се обидуваат да го сокријаот овој скандал, од страв да не се наруши коалицијата на СДС и ДУИ.

— реклама —

Целосен молк од стана на МВР и Спасовски на прашањата кои ја интересираат јавноста поврзани со дивеењето низ скопските улици на синот на неговиот заменик во МВР.

Нема одговори за ургенциите од заменик началникот на СВР Скопје возилото мерцедес кое беснеело, а воедно и возело со недозволени флешери, нема одговори и зошто полициските службеници биле изманипулирани дека ова возило е службено, а не приватно возило кое го вози синот на Назим Буши.

— реклама —

Нема ни одговори од страна на македонски телеком дали ова возило му било продадено, токму на Назим Буши, за истиот да го подари на битолска фирма која е во сопственост на блиски роднини на Назим Буши.

— реклама —

Одговорите на овие прашања се наоѓаат во евидинцијата на МВР, ама од таму ни трага ни глас.

Одговорност за овој скандал, како и за многу други поврзани со киднапираното Министерство за внатрешни работи ќе има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања