Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

МВР има свои модерни кујни по ХАСАП стандарди, а потпишува договори со приватни субјекти, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mvr-1

Оливер Спасовски молчи и се крие од одговори за скандалозните договори тешки 13 милиони евра кои ги склучил со компанијата Индустри сервис за набавка на храна за министерството. Впрочем потврда дека Спасовски бега од овој скандал е и фактот што тој лично избегнал да ги потпише, туку ја оставил помошник министерката тоа да го направи во име на МВР.

— реклама —

Со двата договори кои МВР ги склучило со Индустри сервис, компанија која била помагана со грантови од владата на СДС и на чие отворање присуствувал самиот Спасовски, приватниот субјект ќе треба да добие 13 милиони евра за 36 месеци, односно 4,5 милиони евра годишно во просек. Овој износ е за третина повисок од досегашните трошоци на МВР за истиот период, односно лани министерството потрошило 3,3 милиони евра за набавки на храна. Каде одат овие 1,2 милиони евра разлика на годишно ниво?

— реклама —

Ако на ова додадете дека на компанијата ќе и се признаваат и 15% транспортни трошоци, тогаш станува јасно за каков бонбона бизнис станува збор.

— реклама —

Да биде апсурдот поголем, МВР има свои модерни кујни по ХАСАП стандарди, а потпишува договори со приватни субјекти, што е пример за недомаќинско работење.

— реклама —

Спасовски и МВР бегаат од одговори, но нема да побегнат од одговорност. Се работи за пари на граѓаните и со нив Спасовски не може да прави матни зделки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања