МВР ќе ги гони лихварите, граѓаните може да пријавуваат анонимно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Prijavi-Lihva2

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период отвори неколку оперативни акции со крајна цел зголемување на севкупната безбедност на граѓаните.

— реклама —

Меѓу другите, отпочната е и оперативна акција која има за крајна цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство.

— реклама —

Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин (член 260).:

— реклама —

(1) „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години .

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист.

Граѓаните можат да пријават ЛИХВАРСТВО на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања