„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

МВР ќе поднесе соодветни казнени пријави за „играорците“ од Гевгелија, но и за 23 лица од Ченто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oro

Во врска со настанот од 19-ти овој месец во Гевгелија, каде што повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење согласно уредбите на Владата, Министерството за внатрешни работи, односно надлежните служби во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица. Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија.

— реклама —

Во врска со настанот кој што се случи на 13.04. годинава во населбата Ченто, а во кој поголема група на граѓани ја прекршија мерката за ограничување на движењето, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во изминатиот период беа преземени активности насочени кон целосно расчистување на настанот и идентификување на учесниците во истиот.  Во таа насока до овој момент, освен трите лица кои првично беа приведени и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица. Тие се повикани во полициска станица и со истите е извршен службен разговор, за што е изготвена соодветна документација. По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 206 од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство. Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО.

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања