Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МВР лиши од слобода 14 возачи, 12 од нив возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Четиринаесет возачи биле лишени од слобода, а со уште еден бил извршен службен разговор во текот на изминатото деноноќие, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, 12 од возачите управувале возило без положен возачки испит. Меѓу нив имало и малолетници на возраст од 14 и 17 години. Полицијата лишила од слобода и 21-годишна девојка од селото Студеничани, скопско, како и лица од Скопје, Тетово, Струга, Куманово и други места.

— реклама —

Со 16-годишник од тетовско бил извршен службен разговор во присуство на родител, бидејќи управувал патничко возило без возачка дозвола.

Полицијата утврдила и дека А.П. (23) од Скопје и С.М. (28) од Делчево управувале возило и покрај активната забрана за управување. Б.М. (32) од селото Мршевци, скопско, бил затекнат како вози под дејство на алкохол.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Малолетник нападнат со тврд предмет од мајка му и сестра му по расправија во Гостивар

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarynapt8j231qpaajPx8ml

Му го предал „голфот“, но парите не ги добил: Тетовец измамен за 6.000 евра при продажба на автомобил

Македонија | пред 1 час

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Претрес во дом во Гостивар, пронајдени марихуана и дигитална вага

Македонија | пред 1 час

media-library463h009vuv8e5xiGTOu

Четворица приведени по фудбалски натпревар во Скопје, кај еден од нив пронајдена марихуана

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања