Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

МВР на располагање на Државната изборна комисија, Тошковски на средба со Даштевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
1-1

Министерот Панче Тошковски во текот на денешниот ден ја посети Државната изборна комисија при што оствари средба со претседателот Александар Даштевски и членовите на комисијата.

На средбата министерот Тошковски ја изрази својата отвореност за соработка со ДИК и посочи дека раководството на министерство за внатрешни работи е едногласно дека целосниот капацитет на министерството ќе биде ставен на располагање на комисијата со цел преземање на сите мерки и активности што се однесуваат на организирање и спроведување на изборниот процес, а се од делокругот на работа на МВР согласно позитивните законски прописи.

— реклама —

Од страна на претседателот и членовите на државната изборна комисија беше изразена благодарност за посетата на министерот и беа презентирани определени технички барања и сугестии за забрзување и подобрување на активностите кои треба да овозможат ефективен избирачки процес.

— реклама —

На крајот, министерот Тошковски и членовите на ДИК се согласија дека двете институции во претстојниот период ќе имаат високо ниво на соработка и ќе бидат гарант за организирање на фер и демократски избори.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања