Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МВР: Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarypirdpl0fgv7m6ZCUbPW
Photo by Balu S Prakash on Unsplash

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³  (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.

— реклама —

Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија.

Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата.

— реклама —

МВР ги потсетува граѓаните дека оваа задолжителна обука се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, не помлади.

— реклама —

Напоменуваме дека не смее да се управува мотоцикл до 125см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw

Возел пијан и учествувал во сообраќајна незгода во Дебреше, измерени 1,58 промили алкохол

Македонија | пред 1 час

— реклама —
skolo

Наставничка нападнала ученик во тетовско основно училиште

Македонија | пред 1 час

media-libraryp5eoqk0nolef49e1z70

Пожар на електрична бандера во Слатино, изгоре разводниот ормар со броила

Македонија | пред 1 час

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања