Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МВР: Одлуката на Владата со која се поништуваат конкретните решенија е противзаконска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nake-kulev

Врз основа на член 30 став 2 и член 36 став 3 од Законот за Влада, Владата на седницата одржана на 9 февруари 2020 година донесе Одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место, со која се поништуваат 88 решенија за распоредување на работници во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во врска со одлуката, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска достави известување до вработените во кое наведува дека согласно член 47 став 1 од Законот за организација на работата на органите на државната управа со работата на министерството раководи министерот.

Во известувањето, министерот  наведува дека согласно член 30 од Законот за Влада, Владата има право и должност да укине или поништи прописи или други акти на министерството, органите на државната управа и управните организации, кои не се во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно прописи на Владата.

— реклама —

Имајќи ги превид наведените одредби, со Одлука на Владата може да се поништи пропис или акт на министерството, кој не е во согласност со Уставот и законот, а не може да се поништи конкретно решение за распоредување на работникот бидејќи истите не се прописи и од тие причини не може да бидат поништени од Владата, туку се поништуваат со соодветна постапка од работен однос. Во интерес на законските прописи, потребно е да постапувате единствено и исклучиво во согласност со истите, се вели во известувањето од министерот Чулев.

Оттука, со цел да продолжите без никакви притисоци и совесно и одговорно да ги извршувате работните задачи и обврски кои произлегуваат од Вашите работни места, министерот Чулев укажува дека согласно Законот за организација на работата и органите на државната управа и Законот за внатрешни работи, министерот е функционерот кој раководи со министерството.

Одлуката на Владата со која се поништуваат конкретните решенија за распоредување на работниците во Министерството за внатрешни работи е противзаконска и донесена во постапка која е спротивна на одредбите од прописите кои го регулираат работењето на Владата, а особено во спротивно со одредбите на Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за Влада.

Истовремено, укажувам дека постапување спротивно прописите повлекува кривична одговорност, односно злоупотреба на службената положба и овластување што е казниво согласно одредбите на Кривичниот законик, потенцира министерот Чулев во известувањето.

На крајот министерот потенцира дека вработените треба да ги почитуваат исклучиво законските одредби за хиерхиската поставеност и одговорност, која е нужна за непречено функционирање и остварување на надлежностите на МВР, се вели во соопштението од МВР.

 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања