Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“ и не плаќајте на сомнителни линкови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryp6qn4p1qcq19d40lHb1

Министерството за внатрешни работи предупредува на нови фишинг-измами преку лажни пораки од системот „Безбеден град“, со кои граѓаните се наведуваат да внесат лични податоци или да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

— реклама —

Според МВР, во изминатиот период се регистрирани лажни СМС и електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Во дел од нив, испраќачите се претставуваат како Одделот за моторни возила и користат лажни линкови преку кои граѓаните се пренасочуваат кон наводна уплата на казна.

— реклама —
— реклама —

Од МВР апелираат граѓаните да не отвораат сомнителни пораки и линкови и да не споделуваат броеви од банкарски картички, лозинки и лични идентификатори преку неовластени канали. Се препорачува и проверка на адресата на испраќачот, користење двофакторска автентикација и пријавување на сомнителните пораки во надлежните институции или во банката.

— реклама —

МВР посочува дека вистинските СМС-известувања за сообраќајни прекршоци треба да бидат испратени од „MVR-SC“. Во пораката задолжително треба да има регистарска ознака од возилото со кое е направен прекршокот, како и линк што започнува со официјалната адреса на системот „Безбеден град“ https://safecountry.mvr.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања