Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

МВР приведе 10 возачи, седуммина возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryl83rfetao1pedcgre47
Илустрација / Скопје1

Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Според МВР, седуммина од нив управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.А. (41), Ш.Џ. (23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И. (45) и С.К. (56) од скопско, како и С.Х. (44) од Тетово.

— реклама —

Други двајца возачи, Б.Д. (45) од Велес и С.Б. (25) од Гостивар, управувале возило и покрај активната забрана за возење, додека Т.Н. (37) од Гостивар бил затекнат како вози под дејство на алкохол.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, со активна забрана за возење или под дејство на алкохол, со цел заеднички да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 11 час

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 11 час

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања