„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МВР расветлува нов криминал: Возило на Шеваљ било незаконски регистрирано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4065

Дисциплинска одговорност за службено лице кое извршило регистрација на моторно возило без присуство на сопственикот и три лица кои не ги констатирале пропустите во станицата за технички преглед.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, достави известување до јавното обвинителство и изготви предлог за утврдување дисциплинска одговорност против лицето Р.И. на работно место референт во станица за технички преглед.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, постапувал по известување доставено од страна на Одделот за криминалистичка полиција, според кое постапувале по наредба на Основен кривичен суд за одземање на моторно возило сопственост на лицето Ф.Ќ. од село Грчец. При проверките од нивна страна било констатирано дека возилото е регистрирано во отсуство на сопственикот, односно со временски период, во кој според проверките, лицето Ф.Ќ. било надвор од границите на државата. Согласно проверките направени од страна на надлежните служби констатирано било дека од страна на службено лице Р.И. – референт на Станица за технички преглед лоцирана во Сарај – Глумово, била извршена регистрација и промена на регистарските таблички на моторното возилото, во отсуство на сопственикот, со што Р.И. извршил потешко кршење на работниот ред и дисциплина и постапил спротивно на Законот за возила и Правилникот за регистрација на моторни возила. Дополнително, од стрaна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, доставен е предлог за утврдување дисциплинска одговорност против три лица Г.П. началник на сектор, В.Н. главен инспектор и Л.М.Б. главен инспектор за сообраќај, кои при вршење на контрола во станицата за технички преглед, не постапиле според нивниот попис и опис на работни места и не ги констатирале пропустите на станицата за технички преглед“, стои во соопштението на МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања