ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

МВР регистрира осум прекршувања на изборниот молк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

За време на предизборниот молк, до 07 часот однсоно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум настани од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес.

— реклама —

На подрачјето на СВР Скопје, во с.Виниче и с.Љубанци биле забележани закачени знамиња на политичка партија во близина на гласачки места. По интервенција на избирачките одбори знамињата се отстранети. Во с.Брњарци во близина на избирачко место забележан е плакат на политичка партија, кој бил отстранет од избирачкиот одбор. Во близина на основното училиште „Његош“(каде што има четири гласачки места) испишани биле графити во врска со изборите. Исто така, во близина на пензионерски дом „Автокоманда“(каде што има две гласачки места) биле испишани графити во врска со изборите. Биле известени избирачките  одбори и во тек е отстранувањето на графитите. Во 06.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“, во близина на гласачко место биле забележани плакати од политичка партија, кои биле отстранети од избирачкиот одбор. Во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци биле расфрлани повеќе флаери од политичка партија. Додека, пак во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место бр.2135 имало испишани графити во врска со изборите. Бил извршен увид.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања