Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

МВР санкционира 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум поради неисправни светла

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Македонија
media-libraryvb1696v4qk7262H79a6
Фото: ФБ / МВР

Во засилена сообраќајна контрола спроведена во Скопје, полицијата санкционирала 43 возачи на товарни моторни возила поради различни прекршоци.

— реклама —

Контролата била извршена на 5 ноември, во периодот од 9 до 16 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје. Акцијата била насочена кон откривање неправилности при превозот на товар, меѓу кои претовар, неправилно сместен товар и техничка неисправност на возилата.

— реклама —

Од вкупно 43 санкции, седум биле изречени за неисправни светлосни уреди, девет за неизложени знаци за ограничување на брзината, шест за неносење соодветна опрема и две за претовар на товар. Една санкција била изречена за технички неисправно возило поради неисправен уред за запирање, а една за управување товарно возило со несоодветна категорија.

— реклама —

Полицијата регистрирала и еден случај на незастанување на знак за запирање даден од униформиран полициски службеник, како и уште 16 други прекршоци.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, а упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhu1lee38jo6tabOIpMV

Пронајдени пиштоли и куршуми во Скопје, приведени две лица

Македонија | пред 7 минути

— реклама —
media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да создава хистерија за да предизвика страв и несигурност кај граѓаните, ЈО да реагира

Македонија | пред 2 часа

media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Ѝ се заканувал дека ќе ги испрати нејзините експлицитни фотографии на семејството ако не му даде пари и не прифати сексуален однос со него

Македонија | пред 2 часа

oruzja

Полицијата пронашла три парчиња огнено оружје и муниција во викендичка во Ваташа

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања