Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МВР санкционира и пешаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Во текот на изминатиот ден (01.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи поради неправилно престројување, 14 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Санкционирани се 12 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 125 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања