Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МВР санкционира возачи на автомобили, ама и пешаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќајни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 34 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: шест возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи 14 биле нерегистрирани и едно возило поради претовар.

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престигнување, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 80 возила се подигнати со специјално возило пајак.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања