МВР со апел до граѓаните за претпазливост: Измамници бараат пари од повозрасни лица за наводни сообраќајки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
izmamnici

Во дневниот билтен на МВР сведоци сме на зачестени измами што ги пријавуваат граѓаните, кои се најмногу насочени кон повозрасните лица.

— реклама —

Начинот на измама e со телефонско јавување на измамниците кај постари лица,  при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека нивните син или ќерка предизвикале сообраќајна незгода во која е прегазено дете, а сторителот, лажно претставувајќи се како сведок или службено лице, им ветува дека за одредена сума на пари може да помогне наводниот учесник во сообраќајната незгода да не оди во затвор. Има и такви случаи кога измамниците ги доведуваат во заблуда оштетените дека телефонски разговараат наводно со сопственото дете, кое со вознемирен глас им кажува да прават тоа што се бара од нив.

— реклама —

Притоа, измамниците ги наведуваат оштетените за кусо време да ги обезбедат бараните парични средства, кои ќе бидат преземени од сторителите.  Од оперативни сознанија на МВР, измамниците на ист начин функционираат и во Бугарија и другите соседни земји.

Затоа, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на пријавените сторители на измами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања