МВР со демант: Стефковски шири дезинформации и ја доведува во заблуда јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
10022020_PVRSM_Spasovski_izjava_za_mediumi-1

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите изнесени од градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку Фејсбук статус, а потоа пренесени од неколку веб портали.

— реклама —

„Тој во својата Фејсбук објава наведува дека СВР Скопје не испратил полициски службеници да учествуваат во закажана акција за решавање на проблемот со незаконски продавачи паркирани на улица Маџари.

— реклама —

Имено и самиот Стефковски себеси се демантира во истиот Фејсбук статус откако прво вели дека не била упатена сообраќајна полиција, но биле упатени полициски службеници од ПСОН Гази Баба.

— реклама —

Полициски службеници биле упатени, односно било постапено по барањето на општината, а полициските службеници од ПСОН Гази Баба имаат исти надлежности како сообраќајната полиција и тие ја завршиле својата задача.

Апелираме до градоначалникот Стефковски да не шири дезинформации и да не ја доведува во заблуда јавноста, како и да не ја користи институцијата за партиска пропаганда. МВР редовно и професионално ги извршува работните задачи, за сите граѓани подеднакво“, се вели во соопштението од МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања