МВР со детали за вчерашната акција во Чаир и Бутел, апсења и претреси имало низ Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
akcija

На 16/17.09.2022 во периодот од 20.00 до 01.00 часот на подрачје на општините Чаир и Бутел, постапувајќи по оперативен план, полициски службеници од Полициските станици Чаир и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата, Единицата за интервентна полиција, Отсекот за криминалистичка полиција, Единицата за недозволена трговија и Единицата за брзо распоредување, спроведоа зајакнати мерки и притоа од слобода лишија и приведоа четири лица.

— реклама —

На 17.09.2022 во 00.50 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ од слобода бил лишен С.Ц.(42) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Глок 9x19“, две рамки за пиштолот и 30 куршуми 9мм. На 17.09.2022 во 01.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ од слобода бил лишен А.Ќ.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во полициска станица биле приведени и С.Д.(25) од с.Грчец, скопско и Е.Ј.(42) од Скопје. С.Д. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Кемал Сејфула“затоа што кај него биле пронајдени и одземени револвер „Таурус ин“ и седум куршуми 9 мм. Додека, Е.Ј. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Цетинска“ затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Сиг сауер“ и две рамки со 17, односно 15 куршуми 9 мм. При контролите, исто така, биле констатирани 53 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, седум по Законот за возила и биле одземени три моторни возила.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања